Слован Братислава се пласираше во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите на потенцијално највозбудливиот начин во историјата на Лигата на шампионите.

Словачкиот тим победи против Динамо од Батуми со 2:1 откако во првиот меч од првото коло одигра без голови.

Решавачкиот гол го постигна Владимир Вајс во 123. минута од играта директно од корнер. Додуша, благодарение на големата грешка на голманот на грузискиот тим. Тој тргна напред за да ја собере топката очекувајќи центаршут и неговата самодоверба го чинеше тимот испаѓање .

Во преостанатите мечеви Клаксвик од Фарски Острови го совлада фаворизираниот Бого Глимт со 3:1 на домашен терен, но норвешкиот тим се пласираше поради подобриот резултат од првиот меч.

Ференцварош продолжи со убедлива победа против казахстански Тобол, кој неодамна го засили Миљан Вукадиновиќ од Војводина (5:1), додека Марибор во вториот меч го совлада и Шахтјор од Солигорск (2:0).