Се одиграа натпреварите од 11. коло од квалификациите за Светското првенство во Северна и Централна Америка, по што имаме голема драма во борбата за преглед на најдобрите светски репрезентации.

Сензационалната Канада оди кон Мундијалот, а синоќа оствари многу важен триумф со резултат 2:0 на гостувањето кај Ел Салвадор.

На тој натпревар го видовме еден од најбизарните голови во квалификациите. Во 66. минута искусниот играч на Бешикташ, Атиба Хачинсон, случајно постигна гол и не ни знаеше дека тоа се случило.

По неговото втрчување и шут, топката ја погоди гредата. Тој падна на подот, а топката го погоди по ударот од гредата, а потоа и  стоперот на Ел Салвадор, за чудесно да го лобува голманот. Во продолжението Џонатан Дејвид ги постави конечните 2-0.

Фаворитите во американските квалификации, селекциите на Соединетите Американски Држави и Мексико ги остварија очекуваните и значајни победи со кои стигнаа блиску до Катар.

Соединетите Американски Држави го совладаа Хондурас со 3-0 со головите на Вестон Меккени, Вокер Цимерман и Кристијан Пулишиќ, додека пеналот на Раул Хименез му донесе важна победа на Мексико над Панама (1-0).

https://www.youtube.com/watch?v=e2LWe489Qyg

Селекцијата на Костарика ги задржа шансите за настап на Светското првенство во Катар. Голот на Џоел Кембел им донесе победа на Костариканците на гостувањето против Јамајка и така оваа селекција дојде до бод од местото кое води во плеј-офот за одење на Мундијалот.

Квалификации за WC, зона КОНКАКАФ:

Јамајка – Костарика 0:1 (Кембел 62′)

САД – Хондурас 3: 0 (Мекени 8′, Цимерман 37′, Пулишиќ 67′)

Ел Салвадор – Канада 0: 2 (Хачинсон 66′, Дејвид 90 + 3′)

Мексико – Панама 1: 0 (Хименез 80′)