Францускиот интернационалец Антоан Гризман нема да може настапи за Атлетико Мадрид на дербито против Барселона на „Камп Ноу“. Напаѓачот е повреден и ќе отсуствува најмалку уште една седмица.

Гризман е на позајмица во Атлетико од Барселона до крајот на сезоната со задолжителна откупна клаузула.

Сепак, тој доживува сериозни тешкотии во вториот период во Атлетико Мадрид и постигна само три гола и забележа две асистенции во Ла Лига од почетокот на сезоната.

Атлетико Мадрид и Барселона се во трка за четвртото место на табелата кое води во ЛШ, а каталонскиот тим в недела ќе го пречека актуелниот шампион на дерби – пресметка на „Камп Ноу“.