Италијанските медиуми откриваат дека фудбалската империја на Рајола ќе ја наследи неговата долгогодишна пријателка и адвокатка од Бразил, Рафаела Пимента.
Бразилката е на врвот на пирамидата на Рајола, а се запознала со Раиола во 2000 година, откако пет години претходно дипломирала на факултет. Таа зборува шест јазици, а секогаш во срцето имала една страст и тоа е фудбалот.
Сите клиенти на Рајола треба да припаднат во нејзини раце, додека децата на поранешниот фудбалски менаџер не тргнат по неговите чекори.
Пимента треба да продолжи со работата на Раиола , а најважен трансфер летово треба да ѝ биде Ерлинг Халанд, кој сака да ја напушти Борусија Дортмунд.
Заедно со Рафаела, важна улога во трансферите ќе има и роднината на Раиола , а тоа е Енцо кој се грижел за интересите на италијанските фудбалери.