Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, за првпат во својата кариера е избран во најдобриот состав на колото во шкотското првенство, откако блескаше во вчерашниот триумф на Абердин во дуелот со Рос Каунти (4-0).
Ова беше прва победа сезонава за неговиот тим Абердин, во која тој постигна два гола и имаше една асистенција.
Неговите мајстории не останаа незабележани, па затоа се најде во најсобриот состав на колото, заедно со соиграчите Дјук и Јенсен.