Каталонскиот гигант Барселона веќе долго време се наоѓа во тешка финансиска ситуација, но може да реши дел од проблемите ако ја прифати богатата понуда од 120 милиони евра за големиот талент Педри.
Педри е еден од најважните фудбалери на каталонскиот гигант, а наводно Баерн Минхен веќе испратил понуда до Каталонија, па сега првиот човек на тимот, Жоан Лапорта е на потег.
Младиот фудбалер оваа сезона настапи на два натпревари во Ла Лига и постигна еден гол, но во следните четири дуели не беше во конкуренција поради повреда на тетива.