Атлетико Мадрид на првиот дуел одигра со неверојатен одбранбен стил (формација 5-5-0), но вечерва ќе мора да направат промени бидејќи им е потребен барем еден гол за да ја анулираат негативата.
Диего Симеоне нема да може да се потпре на двајца клучни играчи. Станува збор за дефанзивецот Хозе Марија Хименез и играчот од средниот ден, Хектор Ерера.
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез повторно ќе стартува од клупата, а нападот на Атлетико Мадрид ќе го предводат асови како Антоан Гризман и Жоао Феликс.
„Нашата цел е да победиме. Имаме план за тоа“, ги смирува навивачите на јорганџиите во пресрет на натпреварот, капитенот на Атлетико, Коке.
Стратегот на Сити, Пеп Гвардиола е задоволен од веста дека централниот дефанзивец Рубен Дијаш веќе ги обнови тренинзите, но нема да ризикува со негово брзо враќање во игра и го остави надвор од тимот. Ова е единствениот кадровски проблем пред Гвардиола, кој ќе смета на најдобрите во потрагата по трофејот во Лигата на шампионите.
„Беше многу тешко да се пробие бедемот на Атлетико Мадрид и добро е што обезбедивме и минимална предност. Но, сега и тие ќе мораат да се отворат и да играат фудбал“, изјави играчот за врска на „граѓаните“, Кевин де Бруин.