Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одржа првиот тренинг со својот нов клуб Валенсија. После пет години поминати во Рајо Валјекано, тој се реши за нов предизвик и од оваа сезона ќе брани на „Месталја“.
Столе Димитриевски во новата сезона треба да биде прв голман на Валенсија, со оглед на поизвесното заминување на Грузиецот Георги Мамардашвили, кој блескаше на Европското првенство и има повеќе понуди од европски гиганти за промена на средината.