Фиорентина официјално објави дека го донесе крилото на Лил , Џонатан Иконе.
Поранешниот фудбалер на француски Лил е платен 14.000.000 евра.
Иконе, 23-годишниот Французин, потпиша договор на пет и пол сезони, а промоцијата е закажана за вторник.
Иконе беше стандарден член на тимот на Лил кој минатата сезона ја освои шампионската титула. Сезонава дебитираше во Лигата на шампионите каде постигна гол и две асистенции.
Претходно играше за Пари Сен Жермен и Монпеље.