Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал, од крајот на септември 2023 наваму реди само победи, постави и нов светски рекорд од 34 триумфи едноподруго, но секој почеток има и свој крај, па така веројатно вечерва дојде крајот на таа неверојатна триумфална серија на Ал Хилал.

Во првиот меч од полуфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Хилал има негатива од 0-3 по првото полувреме на гостувањето кај Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати. Во четвртфиналето, Ал Аин го елиминираше Ал Наср на Роналдо, Мане, Брозовиќ, а дека е незгоден за Саудијците, покажува и вечерва против Боно, Кулибали, Милинковиќ-Савиќ, Малком, Невеш и другарите (поради повреди ги нема Нејмар и Митровиќ).

Сите три гола за Ал Аин чиј тренер е Ернан Креспо, ги постигна Мароканецот Рахими, вториот и третиот гол беа од пенал.