Барселона го купи 23-годишниот Жил Кунде од Севилја за 50 милиони евра плус 10 за бонуси, а денеска го претстави во екипата.
Кунде беше претставен на интересен начин преку социјалните мрежи, а исто така беше потврдено дека дефанзивецот потпишал петгодишен договор.
Од трансферот на Кунде ќе заработи и неговиот поранешен клуб Бордо, кој ќе добие 20 отсто од целата сума.
Кунде беше одличен во Севилја во претходните три сезони и одигра 133 меча, а постигна девет голови.