Федерико Бернардески од пред десетина дена е нов играч на Торонто, канадскиот клуб кој се натпреварува во МЛС лигата.

Бернардески во Канада пристигна како слободен играч. Во Торонто му се придружи на сонародникот Лоренцо Инсиње.
Со оглед на тоа дека Јувентус за него пред пет години плати 40 милиони евра и штоБернардески се уште е во години кога може да игра на највисоко ниво, а освен тоа го освои и ЕП со Италија пред една година овој трансфер спаѓа во најчудните ова лето.
Италијанецот одлично дебитираше во МЛС лигата и запиша гол и асистенција против Шарлот, а во канадското првенство против Ванкувер имаше одлична асистенција за 1:1.