Хаосот на неодамнешните финални средби од АБА помеѓу Црвена Звезда и Партизан како да беше инспирација за навивачите на грчките гиганти Панатинаикос и Олимпијакос, поради чија тепачка доцнеше стартот на првиот меч од финалната серија.
Хулиганите на двата тима се „фатиле за гуша“ пред салата „Мир и пријателство“ во Атина, поради што полицијата, кога проценила дека не може да ги смири тензиите, фрлила солзавец за да ги избрка воинствените навивачи. Проблемот бил што дел од непријатниот гас влегол во салата каде што кошаркарите веќе се загревале, и веднаш почнале да плачат од гасот.
Тие веднаш се разбегале во соблекувалните за да не вдишуваат од солзавецот, поради што официјалните лица решиле да го поместат стартот на мечот за половина час, додека не се смири ситуацијата во салата.