Актуелниот шпански првак Барселона не игра според вкусовите на тренерот Чави, па тој се спрема да направи одредени промени во ростерот. Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона е подготвена да ги слушне понудите од клубовите заинтересирани за Бразилецот Рафиња. Чави наводно нема повеќе трпение за неговите недоволно квалитетни игри.
Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барса во 2022 година во трансфер од Лидс вреден 58 милиони евра. На 68 настапи постигна 13 и асистираше на 19 голови.
Во последните денови сѐ почесто се споменув дека Рафиња би можел да се врати во Премиер-лигата и да го засили тимот на Њукасл.