Швајцарскиот репрезентативен стопер Мануел Аканџи, летово направи џиновски трансфер и од Борусија Дортмунд дојде во Манчестер сити за уште повеќе да ја засили одбраната на англискиот првак, ама покрај одличните фудбалски вештини малкумина знаат дека дефанзивецот е – математички гениј.

Го седнаа Аканџи пред камери за да видат колкаво е неговото математичко знаење, а излезе дека е – побрз и од дигитрон. Кога станува збор за фудбалерите кои сѐ во животот жртвувале за кариерата, посебно образованието, ваквите генијалци се чуда во светот на најважната споредна работа на светот.