Гиорги Судаков (19) е еден од најталентираните украински фудбалери. Тој настапува за Шахтјор Доњецк, а за неговиот талент зборува неговиот поранешен тренер Фернандо Валенте.
„Судаков е најголемиот талент што сум го тренирал во животот. Тој допрва треба да наполни 20 години, играше за А репрезентацијата и неодамна го продолжи договорот до 2026 година. Тој е фантастично момче. Треба да стане татко на девојче со неговата сопруга Лиза“.
За жал, поради руската инвазија на Украина, Судаков се крие во бункер со својата бремена сопруга со која се ожени во февруари.
Плачам и се молам за оваа двојка и за сите млади играчи кои останаа во Украина и ме правеа среќен во последните две години. Срцето ми е скршено. Судаков е играч со голем потенцијал. Требаше да игра за Сити или Барселона“, додаде Валенте.
Офанзивниот играч за врска Судаков оваа сезона играше во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и Интер и со квалитетни игри стигна до репрезентацијата на Украина.