Денвер ја освои Филаделфија во како што беше најавен судир на главните кандидати за титулата МВП. Навивачите на Филаделфија неуморно скандираа „МВП“ кога Камерунецот ја имаше топката, а го исвиркаа и Јокиќ.
Тоа како да не го загрижи Србинот, Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, 13 скока и 8 асистенции. Не форсираше шут, одлично му асистираше Бонс Хајленд кој постигна 21 поен. За него емотивна вечер на натпреварот присуствуваа пожарникари и пријатели од Делавер. Стотици од нив го бодреа Денвер против повеќе од 20.000 домашни навивачи.
Зошто пожарникари?
Бабата и братучедот на Хајленд загинаа во пожар пред четири години, тој и неговиот брат беа спасени, а кошаркарот на Денвер беше повреден кога скокна од вториот кат од куќата. Плачеше по натпреварот, а пожарникарите му ја дадоа јакната на нивната компанија.
Што се однесува до Ембид, тој постигна 34 поени, имаше 9 скока, одлична партија . Во еден момент падна на грб по намерниот фаул на Џеф Грин во финишот, се врати и реализираше неколку поени, но на крајот сепак славеа гостите. Хајленд погоди четири тројки во последната четвртина, последната за водство од 110:108, по што гостите го задржаа триумфот.
Денвер ја продолжува мини турнејата, следна станица е Вашингтон во среда, во петок се во Кливленд. Тие сè уште имаат предност од 1,5 победи пред Минесота на седмото место.