Фудбалскиот волшебник Давид Силва се смета за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, иако се наоѓа во поодминати години. Тој дури на својот 700-ти официјален натпревар во кариерата го доби првиот црвен картон.
Тоа се случи на средбата меѓу Реал Сосиедад и Бетис која што заврши без погодоци. Силва иако е многу смирен и коректен играч, ги загуби нервите кон крајот на средбата, при што во краток временски период доби два жолти картони.
За него, Пеп Гвардиола своевремено викаше дека е фудбалски волшебник, но вечерва за прв пат почувствува како е да се напушти теренот поради црвен картон.