Шпанскиот гигант Барселона ги следи настапите на играчот од средниот ред на Џирона, Алекс Гарсија. Фудбалерот е една од трансферните цели на Каталонците на лето и клубот речиси сигурно ќе упати понуда за него, тврди каталонски „Спорт“.
Тој на 18 години се пресели од Вилјареал во Манчестер Сити, но таму не успеа да се пробие во првиот тим и неколку пати беше позајмен на Џирона и Мускрон.
Потоа помина кратки сегменти од кариерата во Динамо Букурешт и во Еибар пред да биде вратен назад во Џирона во 2021 година.
Каталонците уште во јануари сакаа да го донесат 26-годишниот Алекс Гарсија, но тогаш не беше постигнат договор, бидејќи не беа во можност да дадат доволно атрактивна понуда.
Ова може да биде проблем и на лето. Не е тајна дека Барса има финансиски проблеми и најверојатно ќе мора да продаде некои од своите сегашни играчи пред да донесе други да ги заменат.