Хановер на Филип Кузмановски не успеа да извлече позитивен резултат на вечерашното гостување кај Гепинген во првата германска лига.
Домаќините важеа за фаворити и тоа го потврдија со играта на теренот во двете полувремиња (15-13, 16-12) за конечни на крајот 31-25. Македонскиот репрезентативец Кузмановски имаше три гола од пет обиди, но забележа и пет асистенции.
Неговиот соиграч Хансен со шест гола беше прв стрелец на натпреварот, кај победникот пак тројката Козина, Херман и Гуликсен даде по пет погодоци.
Во следното коло имаме македонско дерби со оглед на тоа што Кузмановски ќе го пречека Филип Миркуловски кој е дел од Вецлар.