Јувентус стигна до деветтата победа во Серија А оваа сезона совладувајќи ја Болоња на гости со 0-2. Сега „старата дама“ има 31 бод на шестата позиција, пет помалку од четвртопласираниот Наполи во трката за место во Лигата на шампионите.
Алваро Мората во шестата минута донесе предност за Јувентус на ова гостување, а триумфот го потврди Хуан Квадрадо со прекрасен погодок во 69.минута од дуелот.