ВАР-собата одлучи дека нема гол, а дури потоа излезе разговорот во кој судиите велат дека немаат добра снимка, со оглед на тоа дека во Шпанија не се користи гол-технологија.
Барселона официјално побара од Фудбалскиот сојуз на Шпанија да им бидат доставени снимките и разговорот, но нивното барање беше одбиено, па сега раководството на „каталонците“ најавува тужба до судот против Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Тие бараат да им бидат доставени сите материјали и доколку се утврди дека судиите погрешиле, мечот да се преигра.