Домаќинот на годинешниот африкански куп на наци Камерун, е првиот полуфиналист на тоа натпреварување. Камерунците ја оправдаа улогата на голем фаворит во четвртфиналето одиграно во Дуала и го совладаа дебитантот Гамбија со 2-0.
Откако не успеаја да ја „пробијат“ одбраната на Гамбија во првите 45 минути, Камерунците уште на почетокот од мечот го решија прашањето за победникот, а двата гола ги постигна Токо-Екамби.
https://twitter.com/OptaJean/status/1487480073951363074?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1487480073951363074%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.rs%2Ffudbal%2Freprezentacije%2Fafrica-cup-of-nations%2Fstrasan-tandem-neukrotivih-lavova-abubakar-toko-ekambi%2F
Камерун во четврток ќе игра во полуфиналето против победникот од мечот Египет – Мароко што ќе се игра в недела во Јаунде.
Буркина Фасо – Тунис се игра во моментов во Гаруа, а победникот од тој меч во среда во полуфиналето ќе игра против подобриот од Сенегал – Екваторијална Гвинеја, што ќе се игра в недела во Јаунде.