Репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа динамичен натпревар и ги поделија бодовите играјќи нерешено (2-2) во второто коло од групната фаза на Европското првенство.
Албанија по одлична акција постигна гол за водство преку Лачи во 11. минута, а мрежите мируваа сè до 74. минута кога Крамариќ ја врати Хрватска во игра за победа.
Лаци влета во казнениот простор и по еден центаршут на Јасир Асани ја фати Хрватска „на спиење“. Погоди со глава и донесе голема позитива за соседот на европскиот шампионат.
Мрежите мируваа се до 74 минута кога Крамариќ постигна гол и ја врати Хрватска во живот, и во игра за победа.
Албанија си постигна автогол преку Ѓасула и Хрватска го презеде водството кое го чуваше сè до 95. минута.
Албанците постојано се закануваа во финишот од средбата, а трагичарот Ѓасула сега постана херој, тој во 95. минута ја затресе мрежата на Ливаковиќ за 2-2.
Хрватска и Албанија имаат по еден бод во групата Б, додека Италија и Шпанија се на делба на првата позиција со по три бодови.