Премиерлигашкото дерби на „Енфилд роуд“ помеѓу Ливерпул и Челси заврши мирољубиво 1-1, откако Челзи остана со играч помалку по исклучувањето на Џејмс при крајот на првото полувреме.
Челси преку Каи Хаверц поведе во 22-та минута со еден прекрасен гол со глава, а Мејсон Маунт имаше шанса пред крајот на полувремето можеби и да ја обезбеди победата, но обидот заврши крај голот, по што следеше казна после прегледувањето на ВАР, пеналот и исклучувањето за Џејмс. Сигурен реализатор за пеналот за Ливерпул беше Мо Салах во судиското продолжение од првото полувреме.
После три кола Ливерпул, Челси, Евертон и Вест хем имаат по 7 бода, а Вест Хем поради најдобра гол-ралзика е прв моментно и сега само Тотенхем има шанса да ги прескокне ако победи и третпат, зашто е единствен кој може да ја продолжи максималната серија.