Шведските ракометари убедливо го победија полскиот тим и славеа триумф со резултат 28:18 (14:6).
Во Братислава немаше неизвесност, бидејќи Скандинавците рано стигнаа до +5, а потоа и +8 на полувреме.
Во вториот дел само ја одржуваа таа разлика, а во некои моменти предноста изнесуваше и до 13 гола (23:10).
Најефикасен на натпреварот беше Полјакот Морито со пет гола, додека Мелегард и Петерсон дадоа по четири во победничкиот тим.
Шведска сега има четири бода и овој триумф значи многу на патот до полуфиналето.
Полска, пак, со овој пораз ја загуби шансата да се најде меѓу четирите најдобри репрезентации во Европа.