Исланѓанките имаа водство од 3-1 на почетокот, по што Македонија се приближи на еден гол негатива (3-4), меѓутоа Исланд не попушти во продолжение од средбата и на 10 минути до крајот на првиот дел имаше водство од три гола, кое го задржаа до паузата (13-10).
Македонките имаа многу лош старт на второто полувреме, откако Исланд поведе со пет гола (16-11), а нашите ракометарки сепак до 44. минута стигнаа на 19-20.
Лошиот напад на Македонија му дозволи на Исланд повторно да стигне до плус четири (23-19), по што „црвено-жолтите“ имаа шанси за да стигнат до израмнување, но не ги искористија шансите и на крајот Исланѓанките славеа со 25-22.
Исланд го освои првото место во групата 1 и обезбеди четвртфинале, како и Шведска, додека Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 12 позиција.
Бојана Коцева беше најдобра во македонскиот состав со шест погодоци, додека по шест гола на спротивната страна постигнаа Јохансдотир и Торкелсдотир.