Екипата на Аталанта е сè поблиску до пласман во Лигата на шампиони, откако го совлада директниот конкурент со 2-1 во 36. коло од Серија А.

Де Кетеларе блесна во првото полувреме со два гола во мрежата на Рома, а избраниците на Де Роси почнаа да се будат дури во вториот дел кога Пелегрини од пенал намали на 1-2, но гостите немаа сила и за втор погодок.

Аталанта е на петтата позиција со 63 бодови, односно три повеќе од Рома.