Леванте го наполни голот на Елче (3-0) и веќе три натпревари по ред во Ла Лига не знае за пораз, па полека почна да влегува во ритам кој му е потребен за да се надева на опстанок во шпанскиот шампионат.
Многумина го отпишаа тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, но Леванте почна да се буди и денеска со погодоците на Моралес, Де Фрутос и Мелеро обезбеди важен триумф.
Тимот на Барди има 18 бодови на последната позиција по 26 одиграни меча, а до местото кое обезбедува опстанок во Ла Лига ги делат само шест бодови.