Дополнителниот натпревар од квалификациите за Светското првенство меѓу Русија и Полска е закажан за 24 март, но тој нема да се одигра. Полска одби да игра против Русија .
Руската репрезентација не е исклучена од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА, што значи дека има можност да игра во дополнителни квалификации за овогодинешното Светско првенство.
Сепак, се случи она што можеше да се очекува, Полска, противникот на Русија во дополнителните квалификации, одби да го одигра тој натпревар. Сега останува на УЕФА и ФИФА да одлучат дали сакаат да ја задржат Русија во нивните натпреварувања и да ризикуваат со вакви ситуации или ќе следи суспензија.
Веста утрово ја соопшти претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, а го поздрави најдобриот полски фудбалер Роберт Левандовски.
„Правилна одлука! Не можам да замислам да играме натпревар со руската репрезентација во ситуација кога во Украина продолжува вооружената агресија. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за тоа, но не можеме да се преправаме дека ништо не се случува“,рече Левандовски.
https://twitter.com/lewy_official/status/1497500343726452744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497500343726452744%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.rtl.hr%2Fvijesti%2F560364%2Fnogomet-nogometni-svijet%2Fpokrenut-val-poljaci-odbili-igrati-dodatne-kvalifikacije-protiv-rusije%2F
Инаку, во Европската лига е и Спартак од Москва кој мора да игра против РБ Лајпциг, а останува да се види дали Германците ќе одбијат да го одиграат овој натпревар.