Македонскиот фудбалски репрезентативец, напаѓачот Бојан Миовски е дел од тимот на Жирона кој ќе патува за Холандија на дуелот од Лигата на шампионите. Тоа значи дека повредата на скочниот зглоб не е сериозна иако изгледаше многу полошо кога го напушти теренот на мечот против Леганес.
Тренерот Мичел веднаш го повлече од игра, а првичните најави беа, дека можеби ќе треба и да ги пропушти натпреварите на македонскиот национален тим во средината на ноември, против Летонија и против Фарски Острови.
Сепак, за среќа, деталните медицински прегледи покажале дека не станува збор за сериозна повреда, по што Миовски присуствуваше на денешниот тренинг и е во комбинација за настап на дуелот со ПСВ.