Тибо Куртоа се уште е повреден и е под знак прашалник за неделното Ел Класико.
Белгиецот пропушти три натпревари и Карло Анчелоти нема да ризикува со него во Лигата на шампионите вечерва.
“Куртоа се чувствува многу подобро, разговаравме денес. Планот е тој да почне да тренира со тимот во четврток за да биде подготвен за “Ел Класико”. Го имаме Лунин кој е одличен голман. Тој е многу тивка личност, тој не зборува многу, но тој врши одлична работа и ние го поддржуваме максимално“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид има максимални девет бода и доколку го победи Шахтјор во вторник ќе го потврди пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Натпреварот Шахтјор – Реал е закажан за вторник од 21:00 часот.