Челзи гопобеди Брајтон со 4-3 во пријателски меч одигран во Филаделфија, САД, и тоа во период кога сините од Лондон сакаат на Брајтон да му го купат еден од најдобрите играчи, Моисес Каиседо.
Головите за Челзи ги постигнаа Нкунку, Мудрик, Галагер и Џексон, а Брајтон поведе со 1-0 преку Велбек, а во финишот со два гола дојде до минимален пораз.
Челзи на двете досегашни контроли во родната земја на нивниот газда постигна девет голови и најавуваат подобра сезона отколку претходната која беше катастрофална, иако клубот потроши многу пари на засилувања.
Ова е првиот гол на Мудрик во дресот на Челзи:
https://twitter.com/premierleague/status/1682924373638799361?s=20