Кошаркарите на Париз остварија  минимален триумф од 67-65 во натпреварот против Басконија во седмата рунда во Евролигата.

За тимот на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс ова беше трета победа во низа во елитното натпреварување. Шортс беше помеѓу најдобрите поединци на паркетот и натпреварот го заврши со девет поени, пет асистенции и четири скока.

Ист број на поени по девет постигнаа Хифи и Вард, а по десет Јантунен и Ло. Најефикасен со учинок од дабл-дабл со 19 поени и 12 асистенции беше Чиме Монеке.

По трите стартни победи, Црвена Звезда влезе во негативна серија во Евролигата, па така вечерва го претрпе и четвртиот пораз во низа.

Европскиот шампион Панатинаикос допатува во Белград како фаворит, а иако во една фаза од мечот изгледаше дека нема шанси за победа, на крајот Грците се изборија за тесна и важна победа.
Звезда испушти плус 14 во третиот период и му дозволи на фаворитот да се врати во игра, но се чини дека клучна беше серијата од 13:2 која ја направи тимот од Атина.

Панатинаикос се доближи на само минус еден (56:55) , и се играше кош за кош до последните 30 секунди.

При резултат 77:77, Панатинаикос зададе удар и потоа следеше промашување на Теодосиќ, па така на крајот Грците си заминаа од српската престолнина со триумф од 77:81.

Во останатите натпревари, Жалгирис беше подобар од Монако, додека Баерн на гости кај Асвел забележа триумф од 71-84.