Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс имаше одличен настап за екипата на Париз, меѓутоа неговиот тим запиша и трет пораз во Евролигата, откако вечерва загуби од Баерн Минхен со 107-109.

Шортс блескаше на паркетот за Париз, но не доби доволно голема поддршка од неговите соиграчи, па Париз во завршницата на мечот доживеа уште еден пораз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Карсен Едвардс со 32 поени, еден скок и една асистенција, додека Шортс постигна 22 поени, два скока и девет асистенции за Париз.

Париз има три порази и една победа по четири одиграни кола и се наоѓа на 15. место во елитното кошаркарско натпреварување.

Алба Берлин – Фенербахче 71-78
Макаби Тел Авив – Партизан 79-91
Милано – Жалгирис 82-85
Реал Мадрид – Панатинаикос 90-86