Ракометарите на Германија победија со 28-24 против Норвешка во битката за петто место на Светското првенство (СП).
Германија имаше добар старт и водство од 4-1 на стартот, по што ја задржа предноста до крајот на првите 30 минути (16-13).
Норвешка само во финишот се приближи на два гола негатива (24-26), меѓутоа Норвежаните немаа сила за пресврт (24-28).
По пет гола во победничкиот тим постигнаа Гола, Хафнер и Вицке, додека Гулеруд постигна шест гола за Норвешка.