Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од гостувањето кај Виљареал. Јувентус не загуби, а голот го прими од една голема грешка на одбраната, па носи реми на домашен терен.
„Грешка беше, излеговме од ситуацијата кога можеше да има прекршок над Влаховиќ, па тие застанаа, застанавме и ние, па Парехо остана сам во шеснаесетникот. Немаа класичем напаѓач, па затоа не играа со долги топки и знаевме дека треба да ја следиме ситуацијата. Беше шест спрема еден, Рабиот не го испрати противникот, а останатите стоеја. Моравме да реагираме подобро.
Стратегот смета дека Јувентус одигра добар натпревар ако се земат предвид силата и дисциплината на ривалот.
„Мислам дека севкупно одигравме добро. Ризикувавме да примиме гол во првото полувреме, имавме и неколку шанси, тие стоеја доста високо. Имавме одлична шанса подоцна, но голманот добро бранеше“.
Јувентус мора да победи на својот стадион, а Алегри не очекуваше полесна работа на овој дуел.
„Сега кога нема голови на гости, ова е практично финале. Мораме да победиме, нема друга опција. Задоволен сум што Влаховиќ одигра добро, не е лесно против Албиол. Ова е осминафинале, Виљареал е искусен тим со солидна техника и е во добра форма. Затоа не очекувавме да дојдеме овде и да победиме со 3-0, мораме полека да се справиме“, изјави Алегри.
Запрашан што може да направи за Јувентус да игра поатрактивно, Алегри рече:
“Моравме да го играме овој натпревар вака, да ги рашириме затоа што играа во средина. Се обидовме да одиграме малку убаво и го загубивме фокусот. Претпочитам Јувентус да победува и да игра помалку убаво. Тоа е прашање на вкус”. тој рече.