Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ најави дека мора да се откаже од настапот на Вимблдон поради инфекција со коронавирус, само еден ден пред да го одигра својот прв меч.
Голем пех за хрватските тенисери на Вимблдон, откако уште еден претставник мораше да се повлече од турнирот. По Борна Чориќ и повредата на рамото, инфекцијата со коронавирус го спречи Марин Чилиќ.
„Во самоизолација сум, се надевав дека ќе бидам подготвен, но се уште не се чувствувам добро, па не можам да се натпреварувам. Срцето ми е скршено што ќе го пропуштам Вимблдон и на овој начин ќе ја завршам сезоната на трева“, напиша Чилиќ на Инстаграм.
Чилиќ во првото коло требаше да игра против Мекензи Мекдоналд, но на ждрепката ќе го замени Нуно Борхес, среќниот губитник од квалификациите.
17. играч во светот годинава беше во одлична форма, па стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, но инфекцијата го спречи во нов поход. Но, среќа во несреќа е што Вимблдон и онака не носи АТП поени оваа година.
https://www.instagram.com/p/CfUWdp7JH4V/?utm_source=ig_web_copy_link