Роберт Левандовски планирал во својата интернационална клупска кариера да игра во три земји: Германија, Шпанија и САД.
Ова го тврди неговиот поранешен советник Цезари Кухарски, кој објаснува дека желбата да игра за Барса е тоа да му биде попатна станица пред кариерата да ја заврши со некој американски клуб. Левандовски има 34 години.
„Тој сака да игра за Барса за да покаже дека е подобар од Бензема. Неговиот план беше да игра во Германија, па Шпанија, и на крај во САД“ – вели Кухарски.