Челниците на Манчестер јунајтед повторно се заинтересирани за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, изразувајќи желба да го искористат надмудрувањето на овој тим со Барселона за да го ангажираат во јануари.
Французинот е фудбалер на Барса, кој игра за „јорганџиите“ како позајмен фудбалер, а во неговиот договор има клаузула според која мора целосно да биде откупен на крајот од сезоната за 40 милиони евра доколку на најмалку половина од средбите одигра најмалку 45 минути. Диего Симеоне поради ова на досегашните средби му дава на Гризман околу 30 минути на секој натпревар, со исклучок на последниот против Реал Мадрид (1-2).
Јунајтед, пак, е подготвен да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Барселона, а и самиот Гризман сака повторно да се врати на големата сцена и да игра фудбал неоптоварен од минутажата.