Репрезентацијата на Франција синоќа доживеа пораз на гостувањето во Данска (2-0), со што стави крај на многу лошото издание во Лигата на нации.
Французите одамна останаа без шанси да го освојат првото место и да го освојат плеј-офот за трофејот во ова натпреварување, а дури до последното коло беа во ситуација да испаднат од Лигата А и следното издание да играат во Лигата Б.
Сепак, и покрај синоќешниот пораз во Копенхаген, француската репрезентација остана во Лигата А благодарение на Хрватска која во Виена ја совлада Австрија со 3-1 и на крајот ја испрати во Лигата Б.
Актуелните светски шампиони забележаа само една победа во Лигата на нации и имаа настап за заборав, а синоќешниот пораз од Данска е само дополнителен показател дека нешто не е во ред во францускиот тим.
По мечот, дури и Килијан Мбапе беше нападнат од француската јавност, кој против Данска го одигра веројатно еден од најлошите настапи откако играше за „триколорите“.
Мбапе беше далеку под своето ниво во Копенхаген, а тоа се виде и по двете акции кои францускиот напаѓач ги заврши на очаен начин, што речиси никогаш не му се случило во кариерата.