Германскиот гигант Баерн Минхен доживеа неочекуван пораз во Купот од Фрајбург со 1-2, а тоа беше прв неуспех и на новиот тренер Томас Тухел.
Баварците дојдоа во водство со голот на Упамекано 1-0 во 19. минута, но Фрајбург прави пресврт, па се врати во игра преку Хофлер во 27. минута од дуелот.
Баерн во вторите 45 минути се обидуваше да постигне втор гол, но нервозата кај избраниците на Тухел беше присутна во финишот кога им беа поделени дури четири жолти картони, по што Холер од пенал во 95. минута ги „нокаутира“ баварците.