Бугарија ја совлада Македонија (1-0) на средбата во Лигата на нации, победа со која тие избија пред нас на табелата и го исвоија второто место во групата зад Грузија.
Имено изрвшиот директор на бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Попов го спореди овој натпревар со оној нивниот со Англија (пред три години) кога беа обвинети за расизам.
-На нашиот натпревар свирежите беа многу потивки и делегатот ги опиша. Колегите со кои разговарав и кои беа на натпреварот со Македонија ми кажаа дека делегатот ги запишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра, -изјави Попов за БНТ.