Фудбалерите на холандскиот Утрехт се првата екипа која оваа сезона не загуби од ПСВ (1-1) во холандското првенство.

Белгиецот Јохан Бакајоко во седмата минута од дуелот му донесе водство на ПСВ, но Отман Бусаид во вториот дел постигна гол  за 1-1, по што Утрехт успеа да се одбрани од противничките напади до крајот на мечот.

ПСВ во моментов е лидер на домашното првенство со 52 бодови.

https://twitter.com/i/status/1749030654606520615