Едуардо да Силва (39), легендарниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација е роден во Бразил.
– Веднаш ќе кажам, ќе навивам за Хрватска. Хрватска ми даде многу во животот, 12 години живеев и играв во Хрватска, играјќи за репрезентацијата. Среќен сум поради сите голови што ги постигнав за ’ватрените’ – изјави Едуардо за Германиак.
– Сепак, доживеав нешто поинаку, тргнав по друг пат и нема кој да ме обвинува овде во Бразил. Не можам да заборавам се што направив во Хрватска, морам да имам почит.