Стартот на новата сезона во германскиот шампионат е многу близу, во август се враќаат возбудувањата во Бундеслигата почнувајќи од 18 август за кога е закажан првиот натпревар меѓу Вердер Бремен и актуелниот шампион Баерн Минхен.

Но до тогаш останува уште некое време екипите да се засилат, да елиминираат некои слабости, па како еден вид на јава еве една компилација со најдобрите тимски голови за сезоната 2022/2023, која е вистинско уживање затоа што имаме акции како од фудбалските учебници.