Како одминуваше летото, Португалецот не можеше да си најде клуб, па по пропуштената турнеја во Тајланд и Австралија, реши да му се приклучи на тимот и да настапи на последниот пријателски меч пред новата сезона, минатата недела против Рајо Валјекано (1-1). Но, Роналдо и тогаш направи проблем, бидејќи откако беше заменет на полувреме веднаш го напушти стадионот без да дочека крај на средбата.
„Ваквиот однос е неприфатлив. Не е само Роналдо што побегна, туку и неколку други фудбалери. Тоа сигурно нема да им го заборавам. Им кажав дека сме тим и дека сите мора да останат до самиот крај“, изјави Тен Хаг.
Како казна за ваквиот однос, холандскиот тренер планира да го остави Роналдо на клупата за првиот премиерлигашки меч од новата сезона, закажан за в недела на домашен терен против Брајтон. Тен Хаг би почнал со Санчо, Рашфорд и Марсијал во нападот, тројката која ги одигра најголемиот дел од контролните мечеви, додека Португалецот ќе мора да чека шанса како резерва.