Холандскиот фудбалски гигант Ајакс од Амстердам се спогоди со семејството на својот поранешен играч за врска Абделхак Нури, кој претрпе оштетување на мозокот по срцев удар на теренот во 2017 година и ќе исплати 7,85 милиони евра. Нури доживеа срцев удар за време на претсезонскиот натпревар против Вердер во Австрија во летото 2017 година и претрпе сериозно оштетување на мозокот и покрај реанимацијата на теренот и брзиот трансфер во болница.
Ајакс призна дека помошта на играчот на теренот не била соодветна и презеде одговорност за последиците. “Јасно ни е дека страдањата за Абделхак и неговите најблиски не се завршени. Ова е многу тажна ситуација за нас и во Ајакс. Го почитуваме начинот на кој семејството се грижи за Абделхак, а кога ќе го посетиме, неговите семејството не пречекува со раширени раце“, изјави генералниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.
Ајакс продолжи да му исплаќа плата на Нури и откако стана јасно дека тој нема да може да ја продолжи кариерата до март 2020 година, кога му заврши договорот.