Досега сме виделе повеќе начини на изведување на пенал во фудбалот, но ова видео кое доаѓа од руската трета лига ги помина сите очекувања.

Фудбалерот на Нефиса од Казан, Норик Авдалијан, реализираше пенал каков што досега не сме виделе. Фудбалерот носи дрес со  број 007 и не случајно го нарекуваат „Џејмс Бонд“.

Но, ако се суди според начинот на кој погодува од пенал, прекарот му одговара потполно.