Талентираниот српски ракометар Стефан Додиќ кариерата ќе ја продолжи во полски Киелце и тоа од сезоната 2022/23.

18-годишникот моментално ги брани боите на Охрид. Претходно беше дел од Металург од каде замина поради лошата финансиска ситуација на тимот од Автокоманда.

https://twitter.com/kielcehandball/status/1455460043248345089?s=20

Српскиот интернационалец дебитираше во репрезентативниот дрес. Постигна и деби погодок во големата победа против Франција.

Покрај Додиќ, полскиот шампион од наредната сезона се засили и со Недим Ремили, Сташ Скубе, Елиот Стенмалм , Халил Јагањац и Беноа Конку.